Теренс Крафорд ја одбрани титулата со нокаут (ВИДЕО)

Шампионот на ВБО во полусредна категорија, Теренс Крафорд победи со технички нокаут во четвртата рунда и ја одбрани титулата против поранешниот светски шампион Кел Брук.

Боксерите претпазливо ја започнаа борбата и Брук беше активен во првите две рунди. Во третата рунда, Крафорд стана поактивен, а во четвртата рунда пукна одбраната на Брук. Тој допушти тежок удар со десницата, се потпре на јажињата и доби уште неколку удари од шампионот.

Судијата ја прекина борбата и објави нокдаун.

Крафорд веднаш тргна во напад и по новата серија прецизни погодоци судијата го заврши мечот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО