АктуелноОстанатоЏудо

Тепачка на џудо турнир во Полска – израелски џудисти нападнати од домаќините (ВИДЕО)

Израелските спортисти беа изложени на вербални и физички напади за време на меѓународниот џудо турнир во Полска, соопшти израелската амбасада во Варшава.

Инцидентот се случи во саботата на натпреварување за млади од седум до 16 години, одржано во градот Бјелско-Бјала, околу 50 километри југозападно од Краков. Како што беше наведено во соопштението на амбасадата објавено на Твитер, израелскиот џудо тим бил “вербално и физички нападнат”.

“Нема место за насилство или навреди од било каков вид, особено во спортот”, порачаа од амбасадата, повикувајќи ги полските власти да ги санкционираат одговорните.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON