Теона Настоска седма на Европскиот куп во Ѓиор-Унгарија

Репрезентативките Теа и Теона Настоски го завршија настапот на Европскиот куп за кадети во Ѓиор, Унгарија.

Теа Настоска е поразена од Украинката Мархарита Стоцка, Теона од Дениса Јаков од Романија.

„И двете натпреварувачки настапија во категоријата до 44 килограми, при што Теа Настоска остана без пласман, додека Теона Настоска го освои 7-то место во силна конкуренција. Теона Настоска во четвтрфиналната борба доминираше со противничката од Романија и до пред крајот на борбата водеше на поени, но истата заврши со загуба на поен ипон и не успеа да се пласира во полуфиналето. Потоа, во репесажната борба за влез за борба за 3- то место влезе со полесна повреда во вратниот дел, а и демотивационо делуваше поразот од претходната борба, така што ја изгуби шансата за медал на вакво престижно натпреварување“, вели тренерот Дејан Мицкоски.

Селекторот Дејан Мицкоски и тренерот Мики Чадамов се  задоволни од настапот, со оглед на тоа дека и двете дебитираа на натпреварување од ваков ранг, каде пресудно беше и искуството на натпреварувања од овој тип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON