Нинџицу Битола ефектен во Софија – 8 златни медали и 1 сребрен

Натпреварувачите на Нинџицу клубот Битола имаа одличен на меѓународен турнир на ИСФА во Софија, Бугарија, со 5 члена остварија 13 победи и 1 пораз во финале за кое жалат. Борбата до 15 секунда била во прилог на битолскиот борец, но поради повреда морало да ја предадат.

„Овој пар за влакно ни избега 100 % ефект. Но, што е тука е, продолжуваме напред“, вели тренерот Сшако Мирчевски и додава:

„Севкупно, 8 златни медали и 1 сребро или 3 ММА сениорски медали, 4 медали во граплинг,1 во џиу џицу (кимоно) и 1 во граплинг.

Сите петмина натпреварувачи (3-ца сениори и 2-ца јуниори) ја демонстрираа својата одлична моментална форма и успеавме да добиеме доста силни и искусни противници, и веќе во блиска иднина повторно да размислуваме за профи ММА борби“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО