Осум одличја за македонските џудо ветерани на првото Балканско првенство

Македонските џудо ветерани викендов во Тирана, Албанија, на првото  Балканско првенство за ветерани освоија осум медали.

Медалите ги освоија:

1.Киро Здравески, кој воедно беше и селектор и натпреварувач во старосна категорија М9 до -66 кгр – сребро

2.Маке Спиркоски М9 до-81 кг – злато и во старосна опен категорија до -81кг сребро.

3.Марјан Димески М7 до 100 кг – сребро

4.Мартин Ристески М5 над 100 кг – злато и во апсолутна категорија над 100 – злато.

5.Сашо Димовски М5 до 73 – бронза

6.Ѓорѓи Хубрев М5 до 100 кг – бронза

На првенството учествуваа Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Турција, Романија, Бугарија и Македонија со околу  100 натпреварувачи.

Селекторот Киро Здравески е задоволен од настапот на сите и од освоените одличја и на негово задоволсто, како иницијатор на ветеранското џудо во Македонија и Балканот, се оствари и ова натпреварување кое и донесе голем успех на нашата држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО