Теофимо Лопез ги демантира гласините за борба против Девин Хејни

Според гласини, Девин Хејни моментално е во преговори за потенцијална борба против Теофимо Лопез, која би можела да се одржи следната година и да биде организирана од промотерите на Лопез на Топ ранг.

„Колкумина од вас би сакале да ја видат таа борба со Хејни?“, рече Лопез во интервју за Фајт хаб ТВ. „Слушнав гласини, но тоа е се што знам. Многу гласини. Не добив никакви понуди“.

27-годишниот Лопез, кој ја освои титулата во лесносредна категорија во мај 2023 година, веќе направи две успешни одбрани против помалку познатите противници. Изгледа и крајно заинтересиран за можноста да се соочи со светскиот шампион во средна категорија Теренс Крафорд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО