Теодора Митреска херојски до златниот медал среде Солун на „Кинг оф таеквон-до“

Теодора Митреска од oхридскиот Таеквондо клуб Мастер е херој на Македонската традиционална таеквон-до федерација на Европски таеквон-до ИТФ куп „9. Кинг оф таеквон-до“ во Солун, Грција, која освои златен медал и пехар за најдорба јуниорка 16-17 години.

МТТФ изминатиот викенд учествуваше на Европски таеквон-до ИТФ куп „9. Кинг од таеквон-до“, еден од најјаките натпревари во светот со учество на 1510 натпреварувачи од 117 клубови од 18 земји. МТТФ настапи со тројца натпреварувачи од три клуба, Хва ранг ИТФ, Мастер и Сонкал.

На Европскиот куп во Солун учествуваа натпреварувачи од  Аргентина, Естонија, Украина, Чешка, Шпанија, Италија, Кипар, Грција, Бугарија, Романија, Молдавија, БиХ, Србија, Македонија, Грција, Шведска, Финска, Обединето Кралство.

„Отидовме со тројца натпреварувачи, чисто да бидеме видени како федерација и за добрососедски односи, не очекувајќи некаков успех, знаејќи дека пристрасноста на судиите ќе биде против нас. Со оглед на големината на натпреварот,  во конкуренција на 1510 натпреварувачи, ние бевме тотални аутсајдери. Но, секогаш одиме подговени по секоја цена да дадеме се од нас, погазувајќи го мотото „битно е да учествуваш”. Како федерација секогаш одиме со цел да постигнеме резултат, што е премногу тешко на вакви врвни натпревари, посебно каде што се најјаките репрезентации во светов. Нашите натпреварувачи, како и секогаш, дадоа се од себе, повторно радувајќи не со неколку победи. За жал, Давид Крстески го повреди коленото и мораше да го прекине натпреварувањето. Владимир Димитриевиќ  во првиот круг убедливо го победи домашниот претставник, додека во вториот се падна со светски шампион и заслужено загуби. Херој на овај натпревар излезе Теодора Митреска од охридскиот клуб Мастер, освојувајќи златен медал и пехар за најдорба јуниорка 16-17 години. Горди сме што имаме вакви натпреварувачи што даваат се од себе и не радуваат со успеси од врвни натпревари“, изјави претседателот на МТТФ. Марјанчо Лазаревски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО