Шест одличја за џудистите на Дрим на „Иво Реја куп“ во Словенија

Џудистите на Дрим се закитија со 6 медали – 1 златен, 4 сребрени и 1 бронзен на „Иво Реја куп“ во Целје, Словенија.

Медалите ги освоија:

1.Амар Бајрамоски – златен
2.Катерина Клењоска – сребрен
3.Мила Стојмиловска – сребрен
4.Давид Спироски – сребрен
5.Мишела Јаулевска – сребрен
6.Елеонора Јосифоска – бронзен
7.Драгица Рафтоска – 5-то место

„Голема благодарност до нашиот пријател Субија Тајроски за великодушната гостопримливост со која направи нашиот престој во Словенија да биде прекрасен“, велат од Дрим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО