Миоки прв на Државното екипно првенство во микс-тимови со што стана најуспешен џудо клуб во 2023 година

Миоки вчера во Скопје го освои првото место на Државното екипно првенство во џудо во микс-тимови, со тоа го потврди севкупното прво место во конкуренција на џудо клубови од Македонија, со што се здоби со титулата најуспешен џудо клуб за 2023 година.

„Екипата на Миоки триумфираше над Дрим, Пролетер и Сеишин, остварувајќи неспорна разлика во победи со противниците од сите три наведени клубови и со максимален број поени се искачи на првото место на пиедесталот.

Со оваа голема екипна победа, Миоки ја заврши натпреварувачката сезона за 2023 и ја круниса посветеноста, упорноста и резултатите остварени во текот на целата измината година.

За наредната година најавуваме уште повеќе резултати и победа во севкупна конкуренција со уште поголема разлика, која ќе биде остварена преку тренажниот процес на м-р Игор Паскоски, чија цел ќе биде фокус и адаптација на тренингот, според стилот и атрибутите  на секој џудист индивидуално“, истакнуваат од клубот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО