Шампион освои 10 медали на Балкан бест фајтерс

Кик бокс клубот Шампион на Балкан бест фајтер одлично се претстави освојувајќи 10 медали – 4 златни, 2 сребрени и 4 бронзени.

„Задоволен сум од настапот на натпреварувачите и постигнатиот успех. Посебно е задоволството од успехот на мојот син Максим Митровски кој премина од борбите на татами во ринг, а ова му е втора борба во лоу кик во која избојува победа со 3-0, притоа противникот од Србија имаше две броења, однонсо го праќаше во нокдаун и доминираше преку целата борба.

Сите натпреварувачи покажаа одлична пожртвуваност и борба“, вели тренерот на Шампион, Дејан Митровски-Урко.

Медалите ги освоија:

Марко Ристоски – бронза
Нелсон Узеир – злато
Ахмед Халдун – злато
Стефан Митиќ – /
Адис Камберовски – бронза
Викторија Варадинова – злато
Андреа Костовска – бронза
Анџела Стоилковска – бронза
Максим Митровски – златен
Ања Пандилов – сребрен
Кристина Спиркоска – /
Лана Павлов – /
Иван Кукуновски – сребрен
Исмаил Туркрер – /

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО