Теди Атлас: Нгану удира како „Годзила“, но Фјури боксира уште од дете

Тренерот на славните, Теди Атлас, зборува за претстојниот боксерски меч меѓу Тајсон Фјури и поранешниот борец на УФЦ, Френсис Нгану.

Двајцата ќе имаат боксерски меч на 28 октомври во Ријад, Саудиска Арабија. Мечот ќе се одржи во регулиран боксерски ринг според правилата на боксот, вклучувајќи тројца судии на рингот користејќи го системот од 10 поени.

Борбата ќе биде професионална, но титулата на ВБЦ во тешка категорија нема да биде во прашање. Атлас верува дека Нгану нема шанси против Фјури, кој боксира уште од мал.

„Видете, мора да бидете реални. Што значи тоа? Нема шанси да го направите Френсис Нгану подобар од Тајсон Фјури кој боксира уште од дете.

Фјури боксира цел живот, нема да го направите подобар Нгану. Иако тоа не значи дека Нгану не може да ги научи основите на боксот. Неговата единствена шанса е да погоди силно.

Нгану е нокаутер, можеби ќе погоди. Не, тоа нема да се случи. Не ми е гајле дали ќе погоди како Годзила ако нема систем за таргетирање или вештини“, изјави Атлас за ЕСПН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО