Теди Атлас: Боксот има потреба од диктатор како Дана Вајт

Легендарниот боксерски тренер и аналитичар Теди Атлас верува дека боксот има потреба од диктатор, за да се промени. Атлас вели дека боксот треба да биде како УФЦ, за да може најдобрите боксери да се борат едни со други. Тој не е задоволен од лошата политика и корупција во боксот и предлага да се земе примерот на најголемата ММА организација.

„Дали сакате боксот да се промени? Ќе ви кажам како ќе се промени. Направете го боксот како УФЦ. Земете го Дана Вајт, бидејќи тој е диктатор. Обично, диктаторите не се добри. Сепак, понекогаш во некои ситуации тие можат да бидат корисни. Мислам дека сите успеси на УФЦ се постигнати затоа што имаат диктатор.

Сите правила што ги создава. Постои една личност која ги создава правилата. Ви нуди шанса да се борите или сте надвор. И знаете што? Затоа го разви овој спорт. Така и продолжува да го развива. Тој секогаш може да организира конкурентнтни борби. Едноствано, ги сакаш најдобрите мечеви. Тоа го сакаат навивачите. Само укажувам дека тој може да го направи тоа, бидејќи е диктатор. И тоа е тоа“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО