Ломаченко на тренинг пред одбраната на титулата против Крол (ВИДЕО)

Васил Ломаченко и Жилберто Рамирез во Форчн салата во Лос Анџелес го одработија тренингот за претставници на медиумите.

Двајцата настапуваат на настанот во Стејплс центарот на 12 април.

Ломаченко ги брани титулите на ВБА и ВБО во лесна категорија против Британецот Ентони Крол, додека Рамирез се подига во полутешка категорија за да се бори со Томи Карпенси.

Околу неговата ситуација настана голема збрка, бидејќи ВБО објави дека Рамирез ја ослободил титулата светски шампион во суперсредна категорија и ја најави борбата меѓу Били Џо Сандерс и Шефад Исуфи за слободната титула. Мексиканецот тврди дека немал таков договор со боксерската федерација и се чини дека нема ништо од борбата меѓу Сандерс и Исуфи.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО