Ломаченко сака апсолутна титула

Украинскиот боксерски феномен Васил Ломаченко ја побара апсолутната титула во лесна категорија. Во моментов двократниот олимписки шампион ги поседува појасите на Светската боксерска асоцијација (ВБА) и Светската боксерска организација (ВБО). Следниот меч на Ломченко е на 12 април во Лос Анџелес. Тој ќе се бори против популарниот Британец од Манчестер Ентони Крол.

„Оваа категорија не е идеална за мене. Целта ми е да ги обединам сите четири појаси, а потоа ќе видиме. Може да се вратам во суперперо категорија и повторно да станам шампион. Не знам многу за Крол, освен за двата меча со Линарес. Агресивен боксер е. А тоа ми се допаѓа“, изјави Ломаченко.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО