Таткото на Мек Грегор: 95 проценти од приказната е измислица, а преостанатите 5 отсто се преувеличување

Таткото на Конор Мек Грегор ги осудува сензационалистичките написи и претерувања во врска со барската тепачка во која учествуваше неговиот син.

УФЦ шампионот во неделата се степа со тројца во бар, а еден од оние кој го ударил, наводно е член на даблинското криминално подземје.

Тони Мек Мрегор изјави дека неговото семејство нема од што да се плаши.

„Тоа е целосна глупост. Бесмислена приказна која доби нозе и сега станува налудничава толку што тоа веќе е смешно“.

„Немаме од што да се плашиме. Никој не ни е зад грб“, изјави Тони Мек Грегор за Ирски мирор.

Информациите, претежно беа објавени преку социјалните мрежи и потоа пренесувани понатаму, велат дека Мек Грегор ударил човек во 50-тите години кој е поврзан со картелот Кинхан предводен од Дапер Дон – Кристи Кинхан. Според кажувањата, УФЦ шампионот избегал по пресметката во „Блек форџ инн“ и се сокрил се додека не е договорено примирје.

„Ние сме семејство кое ги почитува законите и останавме такви. 95 проценти од приказната се измислици, а останатите 5 проценти се преувеличување. И тоа е тоа“.

Рече дека бил Конор со својота партнерка Ди Девлин и нивниот син Конор Јуниор, кој се роди во мај и дека се подготвуваат за мирен семеен Божиќ.

Шампион на УФЦ летово учествуваше во боксерскиот меч со Флојд Мејведер за кој заработи околу 100 милиони долари. Се уште се чека датумот и противникот за неговата следна борба во УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО