Таткото на Мајкл Пејџ обвинет за силување на девојчиња

Таткото на ѕвездата на Белатор, Мајкл Пејџ, Кертис, е обвинет за силување и сексуална злоупотреба на девојчиња.

60-годишниот Кертис на судењето е обвинет по 22 точки од обвинението за сексуален напад, вклучувајќи и шест случаи на силување во текот на годините.

Тренерот по боречки вештини, кој и самиот успешно се натпреваруваше во кик бокс, силувал и злоставувал девојчиња од кои една имала само 11 години, по доаѓањето на тренинг во неговата сала, пренесува Дејли меил.

Кертис ужива углед во боречката заедница на Островот, тој е првиот човек на Британската асоцијација за боречки вештини и заменик-претседател на Советот за кик бокс на Британија.

Забрането му е да држи тренинзи по обвинувањето на три жени за сексуално злоставување во периодот од 1985 до 1995 година, кога водеше тренинзи во Лондон и Сари.

„На г-дин Пејџ му се допаѓале млади девојки кои ги тренирал. Сите овие девојки немале татко и  господинот Пејџ го гледале како авторитет. Тој заби клин меѓу нив и нивните семејства“, рече обвинителот.

Првата жртва ја допирал кога имала само 11 години за време на гледањето на филмот. И ја земал невиноста кога имала само 12 години и имал сексуални односи со неа во текот на следните години.

Сега 42-годишната, жртвата излезе со обвинение во 2013 година откако се видела на фотографија на која имала 11 години.

„Се видов, јас бев само мало девојче. Тоа беше злоставување. Тоа беше погрешно“.

Пејџ, наводно, силувал уште една малолетна девојка откако му признала дека ја злоставувал уште еден постар човек.

Кога била постара, Пејџ, наводно, ја силувал држејќи и сечило на грлото и заканувајќи се дека ќе ја фрли од 18 спрат.

Уште една жена тврди дека недолично ја допирал додека била малолетничка пред да почнат да имаат секс на возраст од 16 години.

Пејџ минатата година е осуден за две сексуални напади, но е одредено повторно судење.

Пејџ ги отфрла сите обвинувања и тврди дека имал односи со девојките само откако наполниле 16 години.

Додаде дека три жени се здружиле за да му предизвикаат големи проблеми.

Обвинет е за шест силувања, 14 сексуални напади и за два случаи на сексуален однос со дете под 13 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО