Таткото на Хабиб сака 11 рунди бокс со Мејведер и 1 рунда ММА

Таткото на Хабиб Нурмагомедов, Абдулманап, сака да боксира со Флојд Мејведер и смисли посебно правило за нивната борба. Абдулманап сака битката меѓу Хабиб и Мејведер да биде 11 рунди во боксот, а потоа 1 рунда по ММА правила. Во моментов, Орелот се подготвува за тешка борба со Тони Фергусон во април во Бруклин, но тоа не го спречува неговиот штаб да планира работи за иднина.

Таткото на шампионот вели дека по мечот со „Ел Кучуј“ ќе тренираат шест месеци со Ломаченко, а потоа ќе бидат подготвени за бокс меч.

„Флојд Мејведер е непоразен шампион со скор од 50-0 во боксот и сака да се бори со шампион кој исто така е непобеден, но во ММА. Тој сака да се бори против Хабиб. Во ред е, но прво треба да се бориме со Тони Фергусон. Одамна ти реков дека прво мора да се бориме со Тони, а потоа ќе работиме со Ломаченко и неговиот тим.

Ќе тренираме со Ломаченко 6 месеци, а потоа ќе боксираме. Подготвени сме за Флојд каде било, во коебило време, но има еден услов. Сакаме да боксираме 11 рунди, а потоа и една рунда според ММА правилата.

 Ќе се бориме во стој со најдобриот на сите времиња, зошто да не направиме една рунда во ММА? Сè ќе се случи по битката со Тони“, рече на Абдулманап за медиумите во Русија за идните планови на шампионот:

Очигледно непоразената бокс легенда, исто така сака да боксува со Хабиб, бидејќи објави плакат за нивната борба во 2020 година. Тие немаат пораз во кариерата и нивната борба ќе се следи со интерес, иако Нурмагомедов не е добро познат по добрите боксерски вештини.

https://www.instagram.com/p/B7ffIjhlUmP/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON