Менаџерот на Вајлдер: Не знам за што зборува Џошуа, не сме заинтересирани за никаква понуда

Ентони Џошуа пред неколку дена изјави дека ќе стори сé за да се наметне меѓу третата планирана борба помеѓу Деонеај Вајлдер и Тајсон Фјури.

Шампионот во тешка категорија на ВБЦ на 22 февруари ја брани титулата во реваншот со „Кралот на Циганите“, а во договорот постои опција и за трета борба што би се одржала оваа година.

ЕЏ изјави дека подготвиле нова понуда за борба против Вајлдер со која е запознаен тимот на Американецот.

„Сите сакаат победа на Вајлдер, затоа што сите сакаат да видат негова борба со мене. Вајлдер има одлична десница, јас имам одлична лвица. Тоа е одличен боксерски меч. Имавме состанок за тоа. Таа борба има голем потенцијал. Слушам дека Фјури и Вајлдер имаат закажано трета борба за крајот на годината, но мора со нешто да ги осуетиме“, рече Џошуа за Скај спорт.

„Мораме да направиме нешто што ќе го привлече вниманието на Вајлдер, така што дури и ако победи, ќе мисли: Иако имам клаузула за реванш, ќе видам како можам да го изманипулирам договорот, да излезам од него и да се борам за титулата неоспорен првак.

Еден од менаџерите на Вајлдер, Шели Финкел, кој беше советник и на Мајк Тајсон и на Ивандер Холифилд, ги негираше неговите изјави и рече дека немало никаква средба ниту ќе има.

„Не знам за што зборува Џошуа. Не сме заинтересирани за никаква понуда“, рече Финкел за World Boxing News.

„Деонтеј и нашиот фокус е на Тајсон Фјури. Во овој момент не се фокусираме на ништо друго“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО