Таткото на Фјури верува дека Тајсон му одзел на Вајлдер се што има во себе

Поранешниот шампион на ВБЦ Дионтеј Вајлдер загуби од Џозеф Паркер со едногласна одлука на крајот на минатиот месец во Ријад.

Бронзениот бомбардер речиси беше непрепознатлив, далеку од настапите што ги гледавме во текот на неговата кариера.

Новозеландецот доминираше во текот на борбата и брилијантно го избегнуваше секој обид за контранапад на Вајлдер.

Таткото на Тајсон, Џон Фјури, смета дека главната причина за лошиот настап на поранешниот шампион е неговиот син.

„Никогаш не сум видел толку лош Вајлдер. Тој и Валин се сменија по борбата со Тајсон, тие денес не се истите личности. Претпоставувам дека Тајсон му одзел на Вајлдер се што има во себе“, рекче Џон Фјури и додаде:

„Истото е и со Валин, изгледаше пеплашено против Џошуа. А Ентони беше целосно во тоа, изгледаше како човек на мисија. Изгледа Валин и Вајлдер беа далеку од рингот таа вечер“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО