Ташков нокаутира светски првак, судиите му ја украдоа победата на Јанески (ВИДЕО)


Пинк Пантер е поразен на гостувањето во Лозница со 12-4 во четвртото коло на Регионалната боксреска лига.

Ова коло го одбележаа судиите. Пинк Пантер е оштетен, посебно Гоце Јанески, а сите судии беа од Србија. Во Бања Лука на мечот Славија – Металац/Лазаревац се случи вистински скандал, откако домаќините поведоа со 8-0 гостите го напуштија рингот. За ова ги обвинија судиите од Хрватска, но и разно-разните игри што и ги приредиле домаќините пред мечот.

Во екипата на Пинк Пантер победија Александар Ристовски во категоријата до 56 килограми и во апсолутна категорија Димитар Ташков, кој победи со нокаут.

„Сите боксери прикажаа одлични борби. Гоце Јанески иако загуби од олимпиецот Александар Дреновак остави одличен впечаток. По мое мислење требаше да победи, но домашните судии така одлучија. Презадоволен сум од настапот на нашите боксери, посебно од Димитар Ташков, кој блескаше и со нокаут го победи противникот“, изјави Илија Младеновски од Лозница кој вели дека направиле стратешка грешка што повеќето боксери ги дигнале една категорија погоре.

Тренерот на екипата, Ристе Грбев, за Арена спорт изјави дека победил Гоце. Од друга страна, публиката му аплаудираше на Јанески, посебно кога тргна во соблекувалната. Неговиот тренер Мирко Ристески вели дека одлуката на судиите е страмна, бидејќи Гоце задал 10 чисти удари, а противникот 3. Медиумите во Лозница забележуваат дека не се памети кога Дреновак добил толкку чисти удари од противникот.

На мегдан на Ташков му излезе светскио првак во веслање Веселин Савиќ, кој тренира бокс два месеца. Тој беше нокаутиран во втората рунда.

Една од најатрактивните борба била меѓу Петар Стошиќ и Мартин Алексов. Стошиќ при крајот на втората рунда го спасил гонгот од нокаут. Но тој ја доби борбата на поени, иако можеше да биде доделена и на Алексов.

Марко Доциќ прикажал одлична против Филипи, неизвесна до крај, а поради напукната аркада со лакт докторот ја прекина борбата. Сепак, ова е најдобрата борба на Доциќ. Ристовски победата ја добил службено.

https://youtu.be/CWjEfGPSlV0

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО