Тарик Весели и Ардијан Рустемовски стартуваа со победи на Балканското бокс првенство

Македонија на првиот ден од Балканското првенство во бокс во Лозница, Србија, има скор 2-2, односно победи извојуваа Тарик Весели и Ардијан Рустемовски, додека Сонер Ајрушев и Наум Стојаноски загубија.

Весели забележа победа со прекин вотората рунда и обезбеди полудинале и бронзен медал, а Рустемовски славеше на поени 4-1 за финале со Украинецот Максим Зименко на 22 ноември.

Можеби Стојаноски го имаше најтешкиот противник, но ги избоксира сите три рунди против Украинецот Иван Вожњи (0-5) и освои бронзен медал.

Урте на рингот во Лозница ќе се појават тарик Весели и Димтар Ѓорески.

Резултати – Балканско првенство:

Јуниори

57 кг Сонер Ајрушев – Џан Aјрадин Ахмедов (Бугарија) 0-5 ТКО Р2 ¼ финале

63 кг Тарик Весели – Емир Шерифовиќ (БиХ) 5-0 ТКО Р2
63 кг Тарик Весели – Владимир Иванов Давидов (Бугарија) 19 ноември ½ финале

60 кг Димитар Ѓорески – Иван Барлек (Хрватска) 19 ноември ½ финале

Млади

54 кг Ардијан Рустемовски – Стивен Џиџи (Албанија) 4-1 ½ финале
54 кг Ардијан Рустемовски – Максим Зименко (Украина) финале 22 ноември

71 кг Наум Стојаноски – Иван Вожњи (Украина) 0-5 ½ полуфинале

57 кг Ебуталип Агушев – Максим Шулха (Украина) ½ финале 20 ноември
67 кг Лука Трифуновиќ – Владислав Чиниук (Украина) ½ финале 20 ноември

Сениори

57 кг Ален Рустемовски – Михајло Џекиќ (БиХ) ½ финале 20 ноември
60 кг Ружди Рустемовски – Русијан Шилов (Украина) ½ финале 20 ноември
71 кг Енил Алиу – Албан Беќири (Алб)/ Игор Рогиќ (Срб) ½ финале 20 ноември

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО