Андреа Нисева на подготовките во Јалова учи од најдобрите, светската првенка Марија Проволараки

„Подготовки те во Јалова, Турција, се во потполна контрол. Тука е и Марија Проволараки, светска и медитеранска шампионка и неколку пати највисоко на пиедесталот во Европа и светот, учесничка на три Олимпијади“, вели тренерот на штипската боречка надеж Андреа Нисева Методи Сичков.

Марија е родена 1991 година во Атина, Грција.

„Младите борачки кои се присутни на подготовки те во Јалова имаат можнос да научат нешто повеќе од Марија Проволараки. Иаку, таа е поканета во Јалова од Турската боречка федерација.

Така што и нашта најталентирана борачка Андреа Нисева, трикратна балканска шампионка и медалистка од ЕП, има можнос да учи и тренирам со најдобрите во борењето“, истакнува Сичков со надеж дека Андреа наскоро ќе ги брани боите на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО