Талибанците забранија ММА во Авганистан

Талибанците ја презедоа контролата врз Авганистан кратко време откако американската војска се повлече од земјата во август, оставајќи трага од хаос и смрт што го зафатија светот на ММА.

Социјалните видеа на кои Авганистанци се обидуваа да се качат на авиони на аеродромот во Кабул за да ја напуштат земјата, станаа хит на социјалните мрежи.

Еден од мажите кои очајно се обидуваа да избегаат од земјата беше Абдул Васи Шарифи, основач и извршен директор на авганистанската ММА промоција Трули гранд фајтинг чемпионшип.

Во интервју за ММАФајтинг тој зборуваше за работите во татковината.

„Знам дека многу активисти и новинари беа уапсени за време на демонстрациите против пакистанската интервенција и беа претепани со стапови и жица од Талибанците. Ме удираа и кога бев на аеродром.

Се обидуваме да ја напуштиме земјата што е можно поскоро. Се надеваме дека ММА заедницата низ целиот свет и организации како УФЦ можат да ни помогнат да го напуштиме Авганистан. Ние сме едно во борбената заедница.

Сите беа изненадени како авганистанските сили се предадоа без отпор. Бевме разочарани од тоа колку сме слаби и нашиот претседател и други политичари ја напуштија нашата земја.

Инвестирав во овој спорт во Авганистан и нашиот настан беше најголем во земјата и регионот. Сепак, Талибанците се против ММА, додавајќи дека ударите по лицето се забранети со закон.

Нивниот закон забранува и организирање на борби во кафез. Ова е сериозна работа. Според нив, луѓето не се како животните да се натпреваруваат во кафез.

Организирав и женски борби, но добив сериозни закани и морав да откажам некои од нив. Ми се заканија дека ќе ме убијат ако не ја откажам женската борба.

ММА за жени е забрането и никој нема храброст да им отвори сала“, вели Шарифи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО