Конор Мек Грегор скокна да се тепа со рапер (ВИДЕО)

Конор Мек Грегор е лут на рап ѕвездата Колсон Бејкер, професионално познат како Машинган Кели. На социјалните мрежи се појави видео од нивното пречкање.

Според информациите на ТМЗ, Мек Грегор побарал да се фотографира со рап ѕвездата, но бил одбиен. Бејкер го турнал Мек Грегор, кој си го истурил пијалокот. На Конор не му се допадна тоа и со остатокот од пијалокот го избања „МГК“.

За среќа, чуварите интервенираа и работите не стигнаа до физичка пресметка. Очевидци велат дека Мек Грегор бил подготвен да удри тупаници, а обезбедувањето едвај се справило со него.

Мек Грегор рече дека не го познава Машинган Кели и не се бори со рапери, туку со вистински борци.

https://www.youtube.com/watch?v=wxUbYuF3BhM&feature=emb_title

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО