Тајсон се забавува со Бекам во САД, а Џошуа напорно тренира во Лондон

Тајсон Фјури реши да одмори еден ден од тренингот во САД и се препушти на забава со најстариот син и братот Томи. „Кралот на Ромите“, кој се подготвува за пресметката со Ентони Џошуа за обединување на сите светски појаси во тешка категорија, присуствуваше на натпревар на Фудбалскиот клуб Интер Мајами. Шампионот во ВБЦ има тренинг камп во Јужна Флорида, каде што тренира со Шугар Хил Стјуард.

Тој и неговото семејство го гледаа поразот на Интер од Монтреал со 0-2 од МЛС. Клубот од Мајами е во сопственост на Дејвид Бекам, кој исто така беше на стадионот и беше фотографиран со Тајсон, заедно со уште две светски познати sвезди – Дејвид Гета и Седрик Жерве.

По средбата, Тајсон објави на социјалните мрежи и видеа како се забавува со својот син во дискотека во Мајами.

Додека се препушташе на забава, Џошуа се чини повеќе е фокусиран на нивниот претстоен меч. Еј Џеј, пак, објави фотографии од теретана, најверојатно по уште еден исцрпувачки тренинг. Предвидено е тие да се сретнат во август во Саудиска Арабија, најверојатно на 14-ти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО