Се знае колку ќе заработат Џошуа и Фјури од борбата за обединување на титулите

Боксерскиот спектакл меѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури на кој ќе се борат за апсолутен светски шампион ќе се одржи на 7 или 14 август во Саудиска Арабија, потврди главниот организатор на настанот, Еди Херн.

Џошуа е сопственик на титулите на ВБА, ИБФ и ВБО, а Фјури го држи шампионскиот појас на ВБЦ, а нивниот меч за обединување на титулата ќе се одржи во Џеда хол пред 20 000 гледачи.

Херн и компанијата ја чекаа најдобрата финансиска понуда за тој меч, а таа дојде од Саудијците кои веќе беа вклучени во борбата помеѓу Ентони Џошуа и Енди Руиз што се одржа на 7 декември 2019 година во Дирија.

Саудиските партнери платија 150 милиони долари за домаќини на настанот. Тие пари ги делат боксерите 50-50, а ќе земат и дел од продажбата на преносите.

На крајот, двајцата боксери можеа да заработат значителна сума, а се проценува дека нивните хонорари би можеле да се приближат до износот обезбеден од партнерите од Саудиска Арабија.

Цената на преносот во Велика Британија би била 25 фунти, а во САД 100 долари. Има многу заинтересирани кои сакаат да ги купат ТВ-правата.

Последната средба на Тајсон Фјури против Дионтеј Вајлдер имаше милион продадени преноси, но овој меч треба да го надмине тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО