Тајсон сака да види средба меѓу Канело и Шарло

Мајк Тајсон би сакал да го види Сoл Алварез – Канело како ја брани титулата во супер средна категорија против непоразениот Џермал Шарло.

„Железниот Мајк“ го опиша 30-годишниот Американец како недоволно силен за да го изненади Канело, но во исто време, тој не се плаши од мексиканската суперarвезда.

Алварез ќе се соочи со Били Џо Сандерс на 8 мај во САД, а Тајсон ќе биде среќен ако потоа малку отстапи од планот за доминација во категоријата и да се обиде против Шарло.

„Алварез е единствениот што се истакнува. Научи многу од неговиот меч со Флојд Мејведер. Би сакал да го видам против овој тип, Шарло. Ќе биде многу добар меч. Не мислам дека е доволно силен, но сигурно не се плаши од него. Тој е паметен и ќе направи добра борба. Ќе биде интересно, но ќе заврши со нокаут. Нема да се одржат сите рунди“, рече Тајсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON