Тајсон јаде само месо од бизон за сила, а зеленчукот му е отров

Мајк Тајсон на новинарите им откри дека го сменил и начинот на исхрана.

„Се подготвувам во вежбална и јадам само месо од бизон. Ми стана јасно дека работите кои се добри, зеленчукот и овошјето, сега за мене се отров. Сакам да бидам многу силен! Поради тоа јадам само месо од бизон, се чувствувам уште посилен. Кога во 2009 година станав вегетаријанец тоа ми помогна да ги решам проблемите кои ги имав со дрогите и алкохолот. Не можев да дишам. Сега ситуацијата е поинаква“, изјави „Железниот Мајк“.

Тајсон сериозно се подготвува за мечот на 28 ноември против Рој Џонсон Јуниор.

Мечот на 54-годишниот Мајк предизвикува големо внимание, иако станува збор за егзибициски, од кој средствата ќе бидат наменети за добротворни цели.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО