Атрактивен нокаут со пета на Налгиев на АЦА 111, а Буторин славеше со силен директ (ВИДЕО)

Рускиот борец Лом Али Налгиев ја одбележа вечерта на настанот на чеченската организација „АЦА 111“, откако со спектакуларен нокаут го собори сонародникот Иманали Гамзатханов. Налгиев го среди ривалот со потег кој не се гледа често во октагоните.

Тој беше во дефанзива, легнат на земја, но виде дека Гамзатханов има спуштен гард, и благодарение на брзата реакција и силен удар со пета во брадата на противникот, не само што се одбрани, туку успеа од загубена да се најде во добиена ситуација.

Гамзатханов кој дотогаш беше доминантен, откако го прими ударот падна како свеќа и тука беше крајот на борбата.

Во битка од главната карта, Алексеј Буторин се бореше со Асјан Бахтјанулу во тешка категорија. Во третата рунда Буторин постигна моќен директ во брадата на Асjан и го нокаутира.

Погледнете како 29-годишниот Наглиев го нокаутираше две години постариот сонародник:

https://twitter.com/ACA_League/status/1307367150399651845?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1307367150399651845%7Ctwgr%5Eshare_3&ref_url=https%3A%2F%2Fcdn.embedly.com%2Fwidgets%2Fmedia.html%3Ftype%3Dtext2Fhtmlkey%3Dcb7145f1731b4c328f8e4d2201854ceaschema%3Dtwitterurl%3Dhttps3A%2F%2Ftwitter.com%2Faca_league%2Fstatus%2F1307367150399651845image%3D

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО