Доналд Трамп му се јави на Ковингтон по победата над Вудли (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп му се јави на Колби Ковингтон за да му ја честита победата над Тајрон Вудли.

Денес во раните утрински часови „Хаос“ го совлада Вудли со технички нокаут во 5-тата рунда. Вудли го повреди реброто и не беше во можност да ја продолжи борбата, но тоа не беше важно, затоа што Ковингтон ќе победеше и со одлука на судиите.

Трамп и Ковингтон се пријатели, а веднаш по победата, претседателот на САД му се јави додека Ковингтон даваше интервју.

Во нивниот телефонски разговор Трамп рече дека е горд на него и со нетрпение го очекува Ковингтон повторно да му донесе титула во Белата куќа. Колби беше повеќе од среќен што го слушна неговиот идол и вети дека ќе му донесе појас во блиска иднина. Кратко потоа, на својот профил на социјалните мрежи, Ковингтон го поддржа Трамп пред претседателските избори во ноември.

Видео од разговорот помеѓу Ковингтон и Доналд Трамп:

https://www.instagram.com/p/CFV-XPCJlAv/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО