Абделазиз ветува невидено насилство во борбата меѓу Хабиб и Гејџи (ВИДЕО)

Али Абделазиз не трошеше енергија во рекламирањето на битката меѓу двајцата негови клиенти. На крајот на октомври во Абу Даби на УФЦ 254 ќе видиме борба помеѓу неприкосновениот шампион Хабиб Нурмагомедов и привремениот правк Џастин Гејџи.

Ова е борба за обединување на титулите во главниот меч на островот Јас

Многумина веруваат дека Гејџи е голем предизвик за Хабиб, затоа што многу години тренирал борење. Има многу прашања за оваа средба, кои ќе бидат откриени за еден месец. Абделазиз во интервју за ТМЗ рече дека борбата меѓу Хабиб и Гејџи ќе биде нешто невидено во ММА.

„Хабиб Нурмагомедов е вистинско животно и ништо не може да го скрши. Сè што се случува го мотивира. Џастин Гејџи ќе биде во најдобра форма. И Хабиб ќе биде во најдобра форма. Сите ќе бидеме сведоци на најголемата битка во историјата на лесна категорија. Треба да знаете дека Гејџи ќе се бори со најголемите во историјата на оваа категорија. Тој ќе се бори најдобро.

Хабиб никогаш не бил соборен, никогаш немал повреда и никогаш не загубил рунда. Двајцата се терминатори. Гејџи сака да биде најголем. Ќе видиме кој ќе стане најголем во една од најбруталните борби, која ќе биде исполнета со насилство. Тоа ќе биде битка без преседан. Ќе биде одлично за обожавателите ширум светот. Ќе биде неверојатна битка“, рече Абделазиз.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО