Тајсон ја откри тајната на својата нова младост – скапоцен третман

Снимката која што неодамна беше објавена, а на која 53-годишниот Мајк Тајсон тренира и најавува дека се враќа во рингот, па дури и во хуманитарни цели ги фасцинираше сите ширум светот.

Челичниот Мајк и во 50-те години е во врвна форма, но таков не бил пред неколку години.

Тој открил дека благодарение на новиот режим на исхрана изгубил повеќе од 60 килограми:

„Луѓето се тоа што јадат. Не јадам леб, компири, никакви јаглени хидрати, ништо што има калории. Јадам работи кои што имаат многу малку калории, како боровница и риба. Во последно време прехраната ми е на билна база, иако секој месец или пак на два месеци барем по малку јадам риба или пилешко месо. И, секако вежбам“, изјавил Тајсон.

За новата младост не може да се заблагодари на исхраната и тренинзите. Шпански „Ас“ пишува дека тој направил третман со матични ќелии, кој што се базира на крв од папочна врвца на новороденчиња, коскена с’рж и телесна маса.

„Имав зголемен крвен притисок, практично умирав и имав артритис. Кога ми вадеа крв, беше целосно црвена, а кога ја враќаа, беше проѕирна, речиси можеше да се гледа низ неа“, изјавил Тајсон.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО