Тајсон: Глупиот „Мек Конор“ ќе загине против Мејведер

Мајк Тајсон не очекува премногу од најавената борба меѓу Флојд Мејведер и Конор МекГрегор и смета дека фаворитот е јасен без многу да се размислува за некаква посебна предност.

Поранешниот американски боксер очекува Мејведер да стигне до лесна победа, а пред се поради боксерските правила кои се договорени и според кои МекГрегор нема да смее да ги употребува своите најсилни оружја.

„ Мек Грегор ќе „загине“ на рингот. Се разочарав, бидејќи сметав дека ќе важат ММА правила, затоа што тоа беше и поентата, да се соочат боксер и ММА борец и да видиме кој има поголема предност? А Мек Гргеор своето глупав газ го стави во позиција каде што сигурно ќе биде нокаутиран, бидејќи боксира цел живот. . Уште кога беше бебе. Така што не гледам некаква шанса за Конор, вели Тајсон кој дополнува дека доколку тој бил дел од ваква борба, би му дозволил на Мек Грегор да ги употребува неговите удари.

„Мек Грегор се согласи на најглупиот боксерски договор во историјата на овој спорт“, рече Тајсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON