Нурмагомедов го одбил мечот со Тони Фергусон на УФЦ 216!

Непоразениот предизвикувач во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов нема да се бори со Тони Фергусон на УФЦ 216 во октомври во Лас Вегас.

Новинарот на ТСН спортс Арон Броштетер претходно на социјалните мрежи изјави дека на руската сензација му била понудена борба за привремената титула во лесна категорија против Тони Фергусон на УФЦ 216, но на крајот тој ја одбил, за да има повеќе време да се подготови .

„Хабиб изјави дека му било предложено да се бори со Тони Фергусон на УФЦ 216 за привремената титула во лесна категорија, но би сакал да има повеќе време да се подготви. Сака да се бори на УФЦ 217“, напиша Бронштетер на Твитер.

Во интервју за РТ, Хабиб Нурмагомедов изјави оти сака да се бори со Тони Фергусон на 4 ноември во Њујорк, откако ја отфрли понудата за битка со „Ел Цуцуј“ на УФЦ 216 на 7 октомври.

„Тоа е датумот што го побарав од УФЦ. Прво ми понудија борба на 7 октомври (УФЦ 216), но немаше како да ја прифатам. Сакам да се подготвам добро и не сакам да го изложувам телото на ризик. Не сакам да ја направам истата грешка и да го притискам телото. Треба да внимавам на моето здравје, нешто што го правам во последните четири месеци. Сега ми требаат најмалку 100 дена тешка работа, за да се вратам за борбата“.

Орелот продолжи и додаде:

„Сега веќе тренирам 100 отсто. Целата моја медиумска активност заврши и одам директно во Дегестан за тренинг кампот за месец или месец и половина. Потоа ќе одам да тренирам во САД, околу два месеци. Значи ќе сум подготвен за борбата доцна есента. Како што реков порано, повторно ќе ја повториме истата битка за појасот со Тони Фергусон“.

Оваа борба се оддолжува доста време …

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО