Тајсон Фјури за борба со Нгану: Заинтересиран сум

Тајсон Фјури се уште е заинтересиран за борба со шампионот на УФЦ Френсис Нгану, но прво мора да се справи со Дилиeн Вајт.

32-годишниот Фјури ќе ја брани титулата на ВБЦ во тешка категорија против својот сонародник.

Фјури и Нгану беа на социјалните мрежи некое време пред Нгану да ја одбрани титулата на УФЦ 270 против Сирил Ганe.

Иако во моментов нема сериозни изгледи да се случи овој судир, Фјури посочи дека е подготвен за битка, но неговиот моментален фокус е целосно насочен на Вајт.

„Да, Нгану е дефинитивно машина, тоа е сигурно. Тој е добар удирач, но да не се лажеме – нема да има тепачка на овој меч, нема стисоци и нешто слично.

Тоа ќе биде битка целосно во стој со мали ракавици. Тој има голема моќ, како и јас. Значи кој прв ќе удри ќе биде нокаутиран. Ме интересира таква битка.

Но, како што реков, за мене во моментов Дилиен Вајт е многу потежок предизвик од Френсис Нгану. Така, целосно се фокусирав на Вајт“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON