Витакер: Многу сум поразлчичен од првата борба со Адесања

Роберт Витакер е многу подобро подготвен за реваншот со Израел Адесања.

Витакер ќе го предизвика Адесанја за титулата во средна категорија. Тие ќе се сретнат на главниот настан на УФЦ 271 на 12 февруари во Хјустон. Нивната прва средба беше на УФЦ 243, кога Адесања стана шампион нокаутирајќи го Витакер во втората рунда.

„Рипиар“ е убеден дека неговиот настап овојпат ќе биде многу поинаков.

„Влегувам во оваа битка и подготвен сум да дадам се од себе за да бидам среќен откако ќе излезам од неа. По нашата последна битка, не бев задоволен од себе. Не бев среќен. Но мислам дека тоа сега ќе биде подобро -различно“.

За да заработи реванш, тој ги победи Дарен Тил, Џаред Канониер и Калвин Гастелум.

Витакер е подготвен за реванш и е подготвен повторно да биде шампион.

„Тие велат дека освојувањето титула е многу полесно отколку да се задржи. И, многу се согласувам со тоа, бидејќи има многу други фактори освен борбата кои стануваат потешки. Постојат надворешни фактори кои се појавуваат кога ја имате титулата, вие сте шампионот, знаеш да се бориш, вештините се на ниво – во тоа нема сомнеж, но работите веќе немаат таков ефект врз тебе.

Дури кога ја освоив титулата и ја загубив, паузирав и внимавав на мојата психа. Сфатив зошто го правам сето ова и како сакам да го направам тоа. Појаснив по што сакам луѓето да ме паметат и како да се однесувам, како и каков ефект сакам да имам врз другите. Поминав некое време барајќи го ова по загубата“.

https://www.youtube.com/watch?v=njZ4j9o9ha8&feature=emb_title

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО