Рашад Еванс сака да се повлече кога е „на врвот“ по победата на Игл ФЦ

Рашад Еванс (42) се врати по четиригодишно отсуство од борбите. Поранешниот шампион на УФЦ во јануари забележа победа над помладиот Габриел Чеко на Игл ФЦ 44.

Тоа беше прва победа за Суга откако со ТКО го победи Каел Сонен на УФЦ 167 во 2013 година. Сега, кога повторно ја вкуси победата, Еванс се прашува дали треба да продолжи да се бори.

„Не знам, постојано се прашувам дали да се борам повеќе или да ги оставам работите така. Добро е повторно да се биде на врвот – на страната на победниците. Еден дел од мене ми вели да ги оставам работите така. Во оваа фаза од мојот живот не гледам многу да се борам.

Битките за мене отсекогаш биле патување на душата и мислам дека ги поминав искушенијата што морав да ги надминам. Сè уште сум во теретана, тренирам. Сигурен сум дека во одреден момент ќе има предлог кој ќе ме натера да побарам уште еден меч. Ќе размислам. Имам 42 години, па ќе видиме …

Има големи шанси повторно да се борам. Забележав победа за која толку многу сонував. Но, сега кога ја имам, не сакам да ја анулирам со пораз“.

Пред Игл ФЦ 44, Еванс беше во серија од 5 последователни порази. Рашад со победата над Чеко ја подобри статистиката на 20-8-1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО