Тајсон Фјури влегува во психијатриска клиника

%d1%84%d1%98%d1%83%d1%80%d0%b8-%d1%81%d0%b5-%d1%86%d0%b5%d1%81%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%b1%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b0

Тајсон Фјури најверојатно ќе стапне во психијатриска клиника.

Веќе поранешниот светски шампион во бокс за професионалци страда од манијакална депресија, која била дијагностицирана кај специјалист. Терапевтот бил категоричен дека британската ѕвезда треба да биде подложен на специјалистичко лекување. Неговиот чичко и тренер, Питер Фјури, објасни дека практично лекувањето веќе е започнато.

„Тој не е зависен од дрогата и алкохолот. Само направи некои глупости, но мислам дека веќе почна да ги сфаќа своите постапки“, категоричен беше Питер за БиБиСи.

Внук му беше фатен дека употребава кокаин, а потоа и самиот изјави дека со години го користел белиот прав. Шампионот се оправда со депресивната состојба и рече дека кокаинот е неговиот најмлад проблем.

„Гледаш дека на мене едноставно не ми се живее“, отсече 206-сантиметри високиот тешкаш за списанието „Ринг“.

Пред неколку дена Тајсон доброволно се откажа од титулите и му беше одземена лиценцата. Сепак, чичко му е убеден дека тој ќе се врати дури помоќен и повторно ќе стане шампион.

„Неговото лекување веќе почна да дава резултат. Докторите се категорични дека во следните неколку месеци ќе има позитивна промена“, додаде Питер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON