Чагаев дефинитивно се откажа

cagaev-krenati-race

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Руслан Чагаев (Узбекистан), нема намера да се враќа на боксерскиот ринг.

Титулата му беше одземена во јули, откако не ги исполни обврските за одбрана на истата. Тој беше нокаутиран во март од Лукас Браун, но победата на Австралиецот беше поништена откако беше констатирано дека е позитивен на допинг тестот.
Чагаев се повлече, тврдејќи дека има проблеми со видот. Неговиот менаџер Тимур Дугазиев објасни дека одлуката на боксерот е конечна.
„Го прашавме Руслан дали сака да му организираме бенефитенмеч, кој можеше да биде и реванш со Браун, но тој одби, бидејќи здравјето му било поважно“, изјави Дугазиев.

https://youtu.be/11JZ7mc8pwU

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО