Тајсон Фјури верува дека ќе најде време за реванш против Френсис Нгану

Светскиот боксерски шампион Тајсон Фјури неодамна го победи Френсис Нгану со поделена одлука во Ријад и призна дека тоа му била една од најтешките борби во последните десет години.

А од тој меч особено ќе остане запаметен моментот од третата рунда кога Камерунецот, на кого тоа му беше прв боксерски меч, го собори Џипси Кинг.

Нгану одлично боксираше против шампионот на ВБЦ, ги издржа сите десет рунди, а на крајот за влакно испушти победа.

Поранешниот борец на УФЦ импресионираше со својот настап, а речиси преку ноќ стана еден од најбараните противници. Многу боксери во тешка категорија покажаа интерес за меч против камерунскиот нокаутер.

Се разбира, ова е многу корисно за ѕвездата на ММА, чии врати сега се широко отворени, не само во слободните борби, туку и во боксот.

Френсис по мечот изјави дека би сакал да има реванш против Тајсон, кој не ја исклучува можноста еден ден повторно да влезе во рингот против Камерунецот.

„Не беше како што очекувавме. Мислев дека е само удирач како и останатите, но беше добар. Веројатно ќе најдеме време за реванш. Кој би го помислил тоа?“, изјави Тајсон Фјури.

Кралот на Ромите ја продолжи победничката серија, која многу му беше потребна во пресрет на мечот за апсолутен шампион во тешка категорија со Александар Усик.

Нгану најверојатно ќе мора да почека најмалку две борби пред евентуалниот реванш против Фјури.

Во меѓувреме, поранешниот УФЦ борец доби понуди од поранешните шампиони Ентони Џошуа и Дионтеј Вајлдер, а имаше и неколку други заинтересирани боксери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО