Тајсон Фјури: Веќе се докажав! Ги имав сите можни појаси

Тајсон Фјури не ја гледа како фикс идеја опцијата да се бори против Ентони Џошуа за светските титули.

Она што е важно за „Кралот на Ромите“ е самиот судир, а не појасите кои веќе беа негови.

„Сето ова со „неприкосновениот“ шампион е глупост“, изјави Фјури за „Зад ракавиците/ Behind the gloves “.

„Го освоив секој појас што можеше да се освои. Да земам повеќе појаси што веќе ги имам, не ми значи ништо“.

За Британецот, натпреварите се важни, а не трофеите.

„Нема да побегнам од Џошуа. Ќе поминам низ него како врел нож преку путер“, додаде Фјури.

Во моментов, двајцата имаат договори за битки со Дионтеј Вајлдер и Кубрат Пулев. Во случај на победи, тие најверојатно конечно ќе се сретнат во рингот.

Ова може да се случи најрано во летото 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON