Тајсон Фјури: Вајлдер одлепил

Шампионот во тешка категорија на ВБЦ, Тајсон Фјури го нокаутира Дионтеј Вајлдер со зборови, откако тоа го направи во рингот во февруари и му ја одзеде титулата на вториот меѓусебен меч.

Оттогаш, „Бронзениот бомбардер“ не престанува да наоѓа изговори за поразот, а последните дојдоа по избувнувањето на социјалните мрежи. Фјури по обвинувањата молчеше некое време, но за Ток спорт изјави дека Американецот сигурно полудел штом кажува такви работи.

„Сметам дека можеби одлепил. Прво му беше виновен неговиот костум, потоа имаше повреда на бицепсот, тогаш неговиот тренер беше во нашиот тим, судиите беа против него, сум ставил тегови на нараквиците, а сега – некој му ставил нешто во водата“, рече Фјури.

Тој објасни и зошто третиот меч меѓу нив, за кој имаа потпишано договор, не се одржа порано во текот на годината, туку беше одложен. И на крај, нема да се одржи, бидејќи договорот е истечен.

„Не успеа, бидејќи имаше повреда и требаше да го издржам три месеци до октомври. Тогаш не можеа да најдат соодветно место. Потоа ми понудија три датуми во декември – 5, 12 и 19, се согласив со сите, но, очигледно, дури и тогаш нема да се бориме“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON