Не се чувствувал добро и минатиот вторник почувствувал болка во градите. Тој претпоставил дека може да биде срцев удар, но не отишол веднаш во болница. Неколку часа подоцна, тој решил да оди во болница, каде што виделе дека му е блокирана главната артерија.

„Да не заминев, веројатно немаше да бидам денес тука. Утре ќе ми стават бајпас.. Ви благодарам на сите за поддршката. Не е време за умирање. Време е да се живее”, напиша Колман на својот Инстаграм.

55-годишниот поранешен борец последен пат се борел пред 10 години.

Тој освои УФЦ 10 и УФЦ 11 турнири, а во 1997 година станал првиот шампион во тешка категорија во историјата на УФЦ.