Тајсон Фјури тврди дека оваа година ќе го гледаме мечот меѓу него и Усик: Нема избор, го потпиша договорот

Преговорите меѓу Aлександaр Усик и Тајсон Фјури се една од главните боксерски приказни за оваа календарска година. Неколку месеци во текот на првата половина од оваа година Усик и Фјури се обидуваа да најдат заеднички јазик, но безуспешно.

Усик потоа се сврте кон мечот против Даниел Дубоа и успешно го заврши тој меч, додека Тајсон Фјури викендов го чека борба против Френсис Нгану. Сепак, се чини дека Усик и Фјури би можеле да потврдат конфронтација по мечот на Фјури против Нгану, а „Џипси Кинг“ многу брзо би можел да се врати во рингот по мечот со Нгану.

„Усик е колбас. Очекувам нашиот меч да се одржи во декември (12-ти месец), така ми е кажано и нема причина да не верувам дека ќе биде така. Усик треба да се бори со мене во декември, тој нема избор. Потпиша договор и ако не се бори, ќе го прекрши договорот и ќе биде тужен. Така што навистина нема избор“, изјави Фјури за Скај спорт.

Ова е добра вест кога станува збор за одржување на нивниот натпревар, но впечатокот е дека Усик никогаш не бил навистина проблем. Украинецот тешко дека ќе направи проблеми и е подготвен за борба во декември, но Тајсон Фјури секогаш е непредвидлив.

Желбите на „Џипси Кинг“ се менуваат од ден на ден, а немојте да се чудите ако за неколку дена Фјури објави дека нема да има меч во 12-от месец. Тоа е едноставно Тајсон Фјури и многу е тешко да се преговара со него и неговиот тим.

Се разбира, тука е Френсис Нгану. Тешко е да се каже колку сериозен ќе биде нивниот меч, но секогаш постои барем таа минимална шанса Фјури да претрпи некаква повреда или пораз на тој натпревар. Тогаш мечот против Усик би бил под знак прашалник. Усик можеби нема избор, но веруваме дека Фјури сè уште има, а тоа е она што не загрижува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО