Тајсон Фјури: Се плашам само од Господ

Живата боксерска легенда Тајсон Фјури изјави дека никогаш не се плашел од својот противник. Ромскиот крал го делел рингот со убијци, но никој сè уште не успеал да го победи. Фјури сме го виделе во многу тешки ситуации во рингот, но секогаш преживувал.

Оваа година Фјури стави крај на пресметката со Дионтеј Вајлдер. Го нокаутира во 11-тата рунда во нивната борба во октомври во Лас Вегас. Тајсон тврди дека Вајлдер можеби е боксерот со најтешкиот удар во историјата на боксот.

Фјури во интервју за медиумите реши да ги коментираше битките со Американецот.

„Овие борби ќе избришат години од нашите животи. Последиците од ова ќе ги почувствуваме во нашите последни денови. Се плашам само од Бога. Никогаш не сум се грижел дали ќе се борам со некого. Секогаш очекувам сите во тешка категорија да имаат силен удар.

Но, знаев дека тука има шампион со посебна способност да ги запре сите со еден удар. Можеби боксерот со најтешкиот удар на сите времиња. Некои боксери имаат фантастични бради. Мојата способност да се опоравам е единствена. Дионтеј не е првиот што ме спушти на подот, но тој, како и другите, ме научи дека секогаш да се исправам на нозе.

Горд сум што споделив со Дионтеј многу посебно време во рингот, што ни донесе и голема слава и почит. Никој од нас никогаш нема да заборави дека бевме дел од она што луѓето го нарекуваат една од најголемите битки во тешка категорија. За мене како човек беше добро што поминав низ овој оган. Тоа беше едукативно патување за двајцата. Преживеавме и му благодариме на Бога за тоа.

Слушнав дека почнува да размислува за пензионирање. Ако е така, тогаш треба заедно да поминуваме некое време. По третата борба, не ги сфативме размерите на тоа што се случува. Сè уште мислам дека не сме свесни за сето ова. Можеби за многу години ќе седиме со семејството и пријателите и тивко ќе се сеќаваме на битката на нашите животи“, рече Фјури.

Фјури и Вајлдер си разменија горчливи навреди пред нивната средба, но сега изгледа имаат само почит еден кон друг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО