Тајсон Фјури се откажа од Усик и сака борба со Дилиен Вајн

Се чини дека Тајсон Фјури потврди дека ќе ја брани титулата во ВБЦ против Дилиeн Вајт. Но, не се одвива сè многу глатко.

Имено, пристигна информација дека четвртиот обид за наддавање за хонорари, кој се случи деновиве, бил неуспешен.

Екипите не се договорија за ништо и беше побарано уште едно одложување кое беше прифатено од ВБЦ.

Пред некој ден беше објавено и дека на Ентони Џошуа му биле понудени 18 милиони евра за повлекување од реваншот против Aлександр Усик, но поранешниот шампион ги демантираше сите шпекулации за можно откажување на натпреварот.

Но, веќе нема потреба да се трошат зборови за тоа, бидејќи Фјури најави дека ќе се бори со Вајт некаде во март.

„Кој не може да дочека меч? Најдоброто во Британија“, напиша Тајсон Фјури на социјалните мрежи.

„Џипси кинг“ најави меч со Вајт во понеделник и истакна дека ќе го „уништи“.

Тој ги допре и Ентони Џошуа и неговиот промотор Еди Херн и ги нарече „најлошите бизнисмени во светот“.

„Тие останаа без 90 милиони долари со тоа што одбија да го повлечат Џошуа од реваншот против Усик“, рече Тајсон Фјури во видеото што го објави на социјалните мрежи.

Тимот на Фјури му понуди значителна сума на Џошуа за да се откаже од реваншот против Украинецот Усик, кој на крајот на септември минатата година му ги одзеде шампионските појаси на ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО.

Дилиен Вајт во професионалната кариера има 28 победи (19 нокаути) и два порази. Последниот меч го имаше на 27 март минатата година кога го нокаутира Русинот Алесандро Поветкин и го врати ВНЦ појасот за привремен шампион.

Непоразениот Тајсон Фјури има 31 победа во кариерата (22 нокаути) и едно реми. Титулата на ВБЦ ја освои во февруари 2020 година со победата против Дионтеј Вајлдер, а минатиот октомври го одбрани појасот со нокаут во 11-тата рунда исто така против Бронзениот бомбардер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО