Хабиб ги заплаши УФЦ и Белатор

Хабиб Нурмагомедов, поранешен шампион во лесна категорија на УФЦ, ги заплаши двете најпознати светски ММА организации, Белатор и УФЦ.

Дагестанскиот борец најави дека треба да внимаваат на своите борци, бидејќи неговата компанија може да ги привлече. Игл ФЦ/ EAGLE FC е основан пред 3 години, а вечерва во Мајами, Флорида ќе се одржи дебитантската гала борба Игл ФЦ 44.

Во главниот меч ќе го видиме скандалозниот поранешен шампион на Глори – Тајрон Спонг против поранешниот борец на Белатор – Сергеј Харитонов.

„Големите организации како Белатор и УФЦ треба да бидат внимателни со своите борци, бидејќи Игл ФЦ е тука“, рече Нурмагомедов на официјалната прес-конференција пред денешната гала вечер.

Хабиб Нурмагомедов стана апсолутен шампион во лесна категорија на УФЦ, а исто така беше прогласен за спортска ѕвезда на годината од авторитативниот Би-Би-Си.

Непоразениот борец се повлече од активниот спорт во 2020 година.

Во последниот судир во октагонот, главната борба на УФЦ 254, Орелот го победи Џастин Гејџи во втората рунда. Така ги обедини титулите во лесна категорија, а по средбата пукна во солзи среде октагонот, по што најави повлекување.

Хабиб ја држеше титулата во лесна категорија на УФЦ вкупно 932 дена.

Во најпознатиот ММА синџир во светот победи на 13 меча од 13 борби, а на социјалната мрежа Инстаграм Нурмагомедов е на прво место по популарност во Русија со рекордни 32,5 милиони следачи.

Неговиот целосен биланс во професионалната кариера во мешани боречки вештини е 29 победи од 29 средби. Тој постигна 19 победи со завршница (8 со нокаут и 11 со принуда).

Минатата година го најави создавањето на Игл ФЦ со седиште во Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО