Тајсон Фјури: Руни се согласи! Ќе ми помогне да го смачкам Усик

Шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури, изјави дека неговиот сонародник, поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, ќе му помогне да се подготви за борбата со Украинецот Александар Усик.

Се очекува тие да се соочат следната година и да го крунисаат првиот апсолутен светски шампион во дивизијата од почетокот на векот, кога тоа го стори Ленокс Луис.

„Зборував со Вејн Руни минатата ноќ и рече дека ќе биде подготвен да ми помогне. Ќе го внесеме Вејн во нашиот тим за да се подготвиме за Усик. Дали се шегувам? Не, јас сум тотално сериозен! Тој се согласи и ќе дојде во кампот околу четири недели да ми помогне. Јас сум негов голем обожавател“, изјави Фјури за ИТВ.цом.

Во последната борба Фјури го победи сонародникот Дерек Чисора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО