Тајсон Фјури се враќа во јули.
„Џипси Кинг“ ќе ја брани титулата на ВБЦ во тешка категорија. Како противници се споменуваат имињата на Енди Руиз и Жанг Жилеј. Боксерскиот новинар Мајк Копингер од ЕСПН изјави дека опциите за датум за борба се 15-ти и 22-ри јули. Борбата ќе се одржи во Лондон на Вембли.
Фјури има скор од 33-0-1 во рингот и победи на 24 мечеви со нокаут. Тајсон последен пат го победи Дерек Чисора во декември 2022 година на Вембли. Тајсон победи со нокаут во 10-тата рунда и по 3-ти пат го одбрани појасот на ВБЦ. Се надеваше на борба со Александар Усик, но двата штаба не се договорија.
Енди Руиз има скор од 35-2 во бокс и е во победничка серија од 2 борби. Последен пат со одолука го победи Луис Ортиз во септември 2022 година. Енди е поранешен светски шампион на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО.
Жанг има скор од 25-1-1 во рингот. Последен пат го победи Џо Џојс со нокаут пред една недела во Лондон. Жанг победи на 20 од неговите мечеви со нокаут.
Останува да видиме кој од двајцата ќе го избере Фјури.
View this post on Instagram