Мајк Тајсон: Тајсон Фјури е најголемото име во боксот

Легендарниот американски боксер Мајк Тајсон изјави дека го смета непоразениот Британец Тајсон Фјури за најдобар боксер во светот.

„Железниот Мајк“ тврди дека Фјури е најголемата атракција во боксот во моментов. Тајсон Фјури го победи Дерек Чисора со TKO во неговата последна борба. Вкупно, Британецот има 33 победи во професионалната кариера, од кои 24 со нокаут.

Една борба во која учествуваше Фјури заврши нерешено. Следната борба на Фјури се очекува да се одржи налето, а противник би можел да му биде Енди Руиз или кинескиот боксер Жанг Жилеј.

„Тајсон Фјури е најдобриот боксер во светот. Тој е борец број еден.

Да, мора да е тој. Затоа што сега Фјури е главната атракција на боксот. Тајсон е најпрепознатливиот лик во овој спорт“, рече Мајк за Бокс сошал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО